„Морав да бакнам многу жаби пред да го најдам него“: Рита Ора го изневерила бившиот со 20 мажи

Пејачката Рита Ора се појави со сопругот, актер и режисер Таик Ваититеј, за кого никогаш не се зборуваше, се’ до неодамна кога сликовито го опиша нивниот однос.

„Многу сум среќна и заљубена. Отсекогаш сум сакала своја бајка и свој принц. Морав да бакнам многу жаби пред да го пронајдам него“, изјави неодамна Рита Ора, додавајќи дека врз неа, кога е бракот во прашање, големо влијание имаат родителите, кои се во брак 30 години.

Интригантна изјава, нема што, а кој би можел да се вброи во тие жаби?

Кога ќе се погледне нејзиното љубовно минато, тука се врските со Келвин Харис со кој неколкупати безуспешно ја обновуваше романсата и со Луис Хамилтон.

Голем скандал крена кога флертуваше со синот на Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин Бекам, а потоа наводно се вмешала и во бракот на славниот пар. Се шушкаше дека и актерката Никол Кидман ги забележала спорните искри помеѓу Рита и својот сопруг Кит Урбан на снимањето на емисијата The Voice Australia.

Најбурната врска која ја имаше, беше со Роб Кардашиан, кој по разделбата ја обвини дека го изневерила со 20 мажи, но таа возврати дека имале отворен однос. Братот на Ким Кардашиан тешко го поднесе тој емотивен крај, а утехата ја наоѓаше во храната, па дојде до тежина од 135 килограми.

Бурен ѝ беше односот и со раперот Асап Роки, кој за „Би-би-си“ изјави дека имал афера со Рита, а потоа срамно ја навреди во песната Better things. Подоцна се извинуваше тврдејќи дека неговата намера не била да ги понижува жените.

И тогаш следуваше љубовта со Таик Ваититиј, која почна пред година и половина. Познатиот пар првпат се појави заедно на премиерата на филмот The Suicide Squad во Лос Анџелес во август 2021 година, а потоа се венчаа на интимна церемонија.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.