Меган Фокс позираше во кратко здолниште, па ги збуни фановите: „Дали е ова објава за бременост или е некоја шега?“ (ФОТО)

Што ли сакаше да каже актерката...

Фото: Инстаграм

Актерката Меган Фокс објави неколку фотографии на кои позира во кратко здолниште и топ, а описот кој го напишала со објавата ги заинтригира корисниците на социјалните мрежи.

„SpaseX стујардеса“. Уште само осум месеци и шест дена до вашата дестинација“ напишала актерката.

Многу од фановите во коментари почнале да ја прашуваат дали можеби сака да им каже дека е бремена…

„Мислам дека е ова објава за бременост“, „Дали си бремена?“, „Дали е ова објава за бременост или е некоја шега?“, „Ајде, Меган е бремена“ – се само некои од коментарите под објавата, но таа не реагирала на прашањата.

Да потсетиме. Меган и раперот Машин Ган Кели се верија на почетокот на оваа година.

Актерката поради врската со контроверзниот рапер се разведе од Брајан Остин Грин, со кого беше во брак 10 години и има две деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.