„Ме присили да снимам порно-филмови кога имав 20 години“: Миа Калифа си ја исповеда душата! (ФОТО)

За се е виновен ТОЈ!

Поранешната актерка за филмови за возрасни, Миа Калифа во интимна исповед првпат признала дека поранешниот сопруг ја користел како „играчка“ и дека тој бил одговорен за тоа што се придружила на порно индустријата.

30-годишната Миа е едно од најголемите имиња во оваа индустрија и тоа со само 11 снимени филмови за три месеци.

За својата работа, таа била платено само 12.000 долари.

Откако ја напуштила индустријата за возрасни, Калифа се пробала во повеќе професии, како што е авторството, поткастот, па дури и спортска телевизиска новинарка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia K. (@miakhalifa)


Поради својата популарност која ја стекнала и големиот број на следбеници, таа ја користи својата платформа да зборува за периодот кога го поминила во светот на филмот за возрасни.

Таа гостувајќи во подкастот искрено зборувала за односот со нејзиниот токсичен поранешен сопруг.

Се омажила за поранешен американски војник кој ја присилил да се придружи на порно индустријата кога имала само 20 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia K. (@miakhalifa)

Калифа својата врска ја опишала како нешто што „многу девојки се впуштаат кога се во тинејџерските години“.

Поранешната порно-ѕвезда отишла толку далеку што рекла дека тоа не го сметала за врска, бидејќи себе си се гледала како „играчка“.

„Дури чудно се чуствувам кога тоа ќе го наречам врска, бидејќи динамиката не беше врска – повеќе беше динамика на некој кој гледал играчка со која си игра“ – опишала Миа.

Зборувајќи за својот брак во подкастот, Калифа открила дека побегнала веднаш после својот 18-ти роденден.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.