Концертот на „МЕМОРИЈА“ се прфрла во спортската сала А1 Арена – „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

Сепак ќе се одржи!

Заради најавата за невреме и  исклучително лоши временски услови на територијата на Скопје во сабота, 11 јуни 2022 година, закажаниот концерт под отворено небо на групата „МЕМОРИЈА“, од стадионот на АРМ во Градскиот парк, се префрла во спортската сала А1 Арена – „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“.

Купените ПАРТЕР влезници важат, ФАН ПИТ влезниците исто така, додека со веќе купените влезници за СЕДЕЊЕ на ТРИБИНАТА на стадионот на АРМ по цена 1.200 денари, сега во салата ќе може да влезат ДВЕ ЛИЦА со ЕДНА влезница.

Од овој момент натаму остануваат уште 2.500  слободни места за седење, за сите оние што се’ уште не набавиле влезница и допрва имаат намера да го сторат тоа, а нивната цена изнесува 700. денари.

Продажните места остануваат исти: Југотон – ГТЦ 1 кат- Скопје и онлајн на: www.kupikartizase.com

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.