За да бидете фит и здрави, секое утро мора да го појадувате ова: Совет од доктор за сите жени!

Совет од експерти

Доколку не знаете што да појадувате, експертите имаат одличен предлог

Познат кардиоваскуларен хирург открил кој е најдобриот појадок за жените, а кој е најдобриот за мажите.

„Јас се будам околу 5 и 30 часот. Доволни ми се 6 часа за да се наспијам. Луѓето што спијат подолго од 6 часа имаат некаков проблем. Не е нормално да се спие подолго од 6 часа. Организмот сам се буди по 6 до 7 часа, ако функционира нормално. Ако не можете да се наспиете, нешто се случува: или многу работите или сте под стрес или станува збор за некаква болест…“

Луѓето со вишок килограми се изложени на поголем ризик од разни болести.

„Никогаш не сум видел дебел човек да појадува. Тој го прескокнува појадокот. Секогаш грицка нешто, нешто нездраво. Кога јаде, јаде како да ќе нема утре. Се движи само од автомобилот до дома. Многу јаде, а нема физичка активност и така доаѓа до дебелеење.“

Идеален појадок за жените

Веднаш штом станете наутро, испијте шолја каков било чај. Прочистете се од токсините што се насобираат во текот на ноќта. Потоа, јадете јајца. За жените, идеален појадок е кајгана од 3 белки и едно цело јајце. Тоа се 10 г протеини.

Идеален појадок за мажите

Мажите треба да појадуваат кајгана од 5 белки и едно цело јајце. Мора да се внесуваат маснотии, бидејќи се важни за организмот. Ако сакате здрави маснотии, слободно сипете и малку маслиново масло во кајганата.

Нашата кожа, веѓите, косата, ноктите, сé е изградено од протеини. Јадете го овој појадок секој ден, и тоа без леб.

„На вашиот мозок му треба шеќер за да се нахрани, но каков? Јас ви препорачувам да сварите зоб и да додадете неколку коцки темно чоколадо, па да ставите и неколку суви сливи. За овој појадок, организмот ќе ви каже: Ти благодарам што ми го даде ова“, открива експертот.

Организмот обожава зоб, бидејќи тоа е единствениот производ што ја содржи истата супстанција како и мајчиното млеко.

„Немојте да јадете овесни снегулки. Тоа е ѓубре. Тоа е чист шеќер. Сварете чист овес или зоб, како што варите пченица. По ова слободно можете да испиете црно кафе без шеќер и така ќе дојде до празнење на цревата. Е сега, подготвени сте за на работа. Ќе можете да издржите 6 часа без проблем. Организмот ќе ви функционира совршено.

А ако изедете кифла, тоа е исто како да сте изеле шеќер. Организмот нема да знае дека изел кифла, тој тоа го вари како шеќер. Колку е побел лебот, толку е поштетен. Лебот со семиња е добар и здрав, но вистинскиот црн леб. Без бои и додатоци. Но 2 резанки максимум.

Белиот леб не содржи ништо што ви треба“, порачува докторот.

Појадок што го труе телото: Ова никогаш не смее да ви биде утрински оброк!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.