Жестокa кавга меѓу Мили и Босанац: „Ти платил 100 евра за да гласаш за него“

Го обвини дека зема мито?

Никогаш не е здодевно во „Ѕвездите на Гранд“, нели?

Композиторот Драган Стојковиќ Босанац и продуцентот Александар Милиќ Мили викендов направија хаос во студиото на Гранд и тоа поради кандидатите кои се борат да го освојат нивниот глас.

Самед Џело и Омар Џафероски се кандидатите за кои Мили и Босанац се најдоа во жестока пресметка и си разменија жестоки прозивки.

Омар, совршен си. Имаш и енергија и добро пееш. Единствено што би те советувал е да ѝ се посветиш на народната музика. Треба да се шириш во таа насока за да имаш иднина, му рече Мили, а со оглед на тоа што Самид пред неколку години беше во тимот на Босанац, тој му даде глас.

Што би рекол Џоле, јас му дадов глас само затоа што беше нов кај мене, иако и другиот кандидат има убава боја на глас, прекрасна интерпретација, рече Стојковиќ.

Ти плати 100 евра, па затоа гласаше за него, додаде Мили.

На тоа Босанац се направи дека не го слуша Мили, односно не му одговори зошто одлучил да гласа на тој начин. Сепак, на крај се вклучи и Саша Поповиќ во дебатата и така некако ја смирија кавгата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.