„Жал ми е за тебе, но не си на ниво на мајка ти“: Ќерката на Моника Белучи срамно ја извикуваат и тоа само поради една фотографија

Шоубизнис

Откако чекореше на јавната сцена Дева Касел ја споредуваат со славната мајка Моника Белучи, иако ејзиното прво појавување не беше на ревијата на “Dolce & Gabana” на модната недела во Милано.

Дева Касел шеташе во еден од најзабележителните модели од колекцијата за пролет /лето 2023 година на еден славен моден дизајнер. Тоа е црно неглиже со длабоки чорапи и накит кој ја поддржува долгогодишната инспирација на познатиот креатор. Некој ќе рече провокација, а некој слобода на изразување и креативност.

Ќерката на Моника Белучи и актерот Венсан Касел кој исто така, пружа поддршка на Дева во нејзиниот пат кон врвот, имаше и многу забележителен настап, па тогаш фотографиите од неа од ревијата предизвикаа големи коментари на Инстаграм.

„Жал ми е за тебе, но не си на ниво на својата мајка“, „Слатка си, но неспоредлива со мајка ти“, гласат коментарите, а слични реакции можеа и порано да се прочитаат под фотографиите на Дева.

Се огласија и оние кои ја бодрат и порачуваат дека е преубава, како и дека е копија на својата мајка.

Се надеваме дека негативните коментари нема да ги забележи Дева, како и дека нејзината самодоверба е појака од тоа што некој ќе каже дали личи или не на славната мајка Моника Белучи, односно дека не може да и` парира по убавината, а тоа се и онака критики само на нејзиниот изглед. Секој од нас е повеќе од одразот во огледалото.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.