Заради сопругот го продала станот, па остана и без парите: Верица Ракочевиќ љубовта скапо ја чинела

Раскажа се'

Фото: Мирко Табашевиќ

Верица Ракочевиќ во 1990-тите беше најпозната српска дизајнерка, која прва ги претстави своите модели на Миланската недела на модата.

Меѓутоа, како бомба одекна веста дека популарната дизајнерка е принудена да го продаде станот во центарот на Белград и тоа во екот на својата слава. Тогаш се шпекулираше дека на тој чекор била принудена поради разводот со вториот сопруг.

Имено, Зоран и Верица своето семејно гнездо го свија во центарот на Белград, на последниот кат на зградата во која дизајнерката има бутик денес. За жал, по разводот, скапоцената недвижнина беше ставена на продажба за да го поделат имотот бившите сопружници.

Пред шест години, самата Верица изјави дека станот морала да го продаде по вина на Филип Цептер.

Морав да го продадам станот над мојот бутик бидејќи Филип Цептер го повлече спонзорството. Човекот заработи милијарди, но не научи да го одржи ветувањето. Цената на таа ревија за мене беше превисока и материјално и здравствено. Морав да најдам 150.000 марки како што знам и умеам. Не знаев што да правам и единствено решение беше да го продадам станот“, раскажа Верица за „Информер“.

Таа призна дека веќе не му е лута на Цептер, но дека не сака да му го прости направеното. Од таа 1999 година никогаш се немаат слушнато, но се имаат сретнато во една пригода пред неговиот театар во земун.

Беше некој настан на кој присуствувавме двајцата. Филип ми пријде и ми кажа дека е време да се смириме. Јас му одговорив: ‘Мојата сметка е таа и таа, кога ќе ми исплатиш 150.000 марки колку што ми  должиш, ќе можеме да зборуваме. Дури и нема да ти пресметам камата.’ Се разбира, парите никогаш не ги видов“, раскажа Верица во 2015 година и додаде дека не останала само без еден стан заради работата:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Verica Rakocevic (@verica.rakocevic)

Еден стан продадов и во 1993-та година затоа што не сакав да прифатам непристојни понуди што ги имаше колку сакаш. Не одев по линијата на помал отпор, а тоа би им го препорачала и на девојките што се занимаваат со оваа работа. Кога би можела да го вратам времето, се’ би направила исто“, вели креаторката, која пред седум години го продаде и третиот стан, но овој пат за да им помогне на своите деца да свијат свои гнезда.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.