Влегувањето во кралското семејство значело прифаќање на тешката судбина: Кејт Мидлтон морала да се откаже од својот живот!

Од што сè се откажала Кејт кога се омажила за принцот Вилијам?

Кејт Мидлтон морала да се откаже од својот приватен живот

Откако во јануари беше објавено дека Кејт Мидлтон била оперирана, таа престана да се појавува во јавност и сите беа загрижени за нејзиното здравје. Со оглед на тоа што кралското семејство престана да се огласува по повод нејзината здравствена состојба, во јавноста се раширија разни шпекулации и теории. Она што дополнително ја разбранува јавноста е семејната фотографија што принцот Вилијам ја објави на Денот на мајките.

Имено, светските агенции ја повлекоа фотографијата поради сомнежот за манипулација, а луѓето воочија бројни детали на фотографијата што ги сметаат за спорни, односно фотошопирани, по што Кејт призна дека како аматерски фотограф, понекогаш сама ги средува сликите.

Кога се омажила за принцот Вилијам, Кејт Мидлтон морала да се откаже од многу работи, пред сè, од својата приватност.

Студентката по уметност, жената од народот, жената без кралска крв, добила не толку ласкав прекар „Кејт која постојано чека“. Имено, Кејт со години чекала принцот Вилијам да добие дозвола да ја побара за жена.

Таа со години била покрај него и целото нејзино семејство било внимателно набљудувано, додека не го поминале тестот. Тестот со наслов: „Дали сте достојни за да бидете поврзани со кралското семејство?“, бил успешно положен, и Кејт го добила прстенот на Дијана. Каков товар – да се наследи жена како што е принцезата Дијана.

Целиот свет очекувал Кејт да биде прифатена и од народот и од кралското семејство. Секогаш кога ќе се појави во јавност, будно се анализира секој нејзин чекор, секое нејзино движење, збор, гест, мимика, а за облеката и да не заборуваме. Со оглед на тоа што нејзиниот сопруг е следниот во редот за наследство на престолот, притисокот сега е уште поголем.

Кралското семејство е во паника: Еден човек сака да ја открие целата вистина за Кејт Мидлтон

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.