Вкучи се за среќа и биди победник во категоријата Happiness на U&Z Influencer Awards

Можат учествуваат сите со наполнети 18 години

Драги наши, не пропуштајте ја шансата да учествувате во „U&Z Influencer Awards“, настан кој првпат се одржува во Македонија, а кој претставува можност да станете влијателна личност на социјалните мрежи или да ја зацврстите својата позиција во нив, и пријавете се на нашата имејл-адреса redakcija@ubavinaizdravje.mk со оставање на вашето име и презиме, телефонскиот број и линкот до вашиот инстаграм-профил или фејсбук-профил. Не заборавајте да ја назначите и категоријата за која се пријавувате – Beauty, Travel, Fashion, Food, Lifestyle, Insta man и специјалната категоријаHappiness (Среќа).

#ВклучиСеЗаСреќа, #МинутиНаСреќа, #uzinfluencerawards се хаштаговите што треба да ги поставите на вашата објава на Инстаграм или на Фејсбук доколку сте заинтересирани за специјалната категорија Happiness (Среќа), во која учество можат да земат сите учесници со навршени 18 години, без разлика на бројот на следбеници на Фејсбук и на Инстаграм.

Исто така, за специјалната категорија Happiness (Среќа) рокот за пријавување не е временски ограничен, што значи можете да се пријавувате и по 15-ти септември, а сè што треба да направите е да објавите пет креативни постови до 1 декември (за правилата и задачите ќе бидете информирани дополнително).

Лото 7 е официјален партнер за среќа, односно покровител на специјалната категорија Happiness (Среќа), кој ќе го награди победникот во категоријата.

Сите учесници ќе добијат подароци од нашите почитувани клиенти и спонзори, а со самото учество во мини-натпреварот си обезбедувате и место на гала-настанот, кој ќе се одржи на 4 декември во Ragusa Rooftop 360.  На гала-свеченоста ќе им бидат доделени статуетки на победниците во категориите и ќе се избере U&Z Influence Star, која ќе ја краси насловната страница на декемвриското издание на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје“.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Добијте вредни подароци! И станете наша Influence Star!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.