Остави потресна порака: Сите стравуваат дека Џастин Бибер би можел да се самоубие?!

Се плашат да го остават сам дури за секунда

Во текот на неделата во која се одбележува превенцијата на самоубиствата се појавија гласините дека музичарот Џастин Бибер е во мошне лоша психичка состојба, а како што пишуваат странските медиуми, семејството е загрижено дека би можел да изрши самоубиство.

Минатата недела пејачот, инспириран од признанието на Мајли Сајрус, објави исповед на Инстаграм, објаснувајќи и извинувајќи се за грешките што ги направил во минатото, а токму тоа ги наведе сите да се посомневаат дека повторно е во лоша психичка состојба.

Повикувајќи се на неговите зборови „доаѓаш до точката кога веќе не сакаш да живееш“, таблоидите сега ги цитираат изворите блиски на популарниот пејач, кои тврдат дека се загрижени за него.

Во текстот пишува:

Џастин не е добро. И порано годинава сите внимаваа да не си го одземе животот. Сега, повторно сите членови на неговото семејство и сите блиски пријатели се согласуваат дека не треба да го оставаат сам ниту за секунда.“

Дали Бибер сакал да го објасни своето минато и да ги придобие обожавателите што се сомневаа во него или повторно има проблеми, останува да видиме.

Фото: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.