ВИСТИНАТА Е СЕПАК ПОИНАКВА Пијателите на најтажната принцеза тврдат дека таа воопшто не е сирота и беспомошна: „Добро знаеше што прави кога се омажи за принцот!“

Според тврдењата на пријателите на принцезата Шарлин од Монако, не е сè како што изгледа.

Шарлин се омажи за принцот Алберт во 2011 година, а титулата „најтажната принцеза на светот“ ја доби поради солзите на сопствената свадба. И не само тоа, таа наводно сакала да го напушти Монако само неколку дена пред венчавката, но ѝ бил одземен пасошот.

Нејзините пријатели тврдат дека таа воопшто не е беспомошна и мизерна. Напротив, наводно таа е многу амбициозна и решителна и не треба да се потценува. Порано беше пливачка и беше многу фокусирана и посветена на спортот, а знаеше да биде многу строга кон себе кога немаше добри резултати.

Princeza Šarlin i princ Albert sa decomПријателите ја опишуваат и како позитивна и добра пријателка, која никогаш не била осамена.

Во ниту еден момент не помислив дека таа не знае што прави кога се омажи за него“, вели нејзината пријателка, откривајќи дека сигурно не е „заробена“ во бракот.
„Таа не е личност која би дозволила некој слепо да ја контролира. Таа не е принцезата Дијана. Можеби изгледа крајно наивно, но тоа е далеку од вистината. Таа е многу добра во прикривањето колку е паметна”, вели пријателката.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.