Поранешната љубовница на принцот Алберт решила да ѝ се одмазди на принцезата Шарлин: Сите ги шокирала!

Тоа што го направила е недозволиво!

Пред неколку дена во Монте Карло, каде што бил одржан 74. Бал на Црвен крст под покровителство на монегашкото семејство, се случил необичен настан

На балот пристигнал принцот Алберт, со сопругата принцезата Шарлин, а меѓу гостите се нашла и неговата поранешна љубовница и мајка на неговиот вонбрачен син. За среќа, просторот каде што се одржувал 74. Бал на Црвен крст во Монте Карло бил доволно голем, па двојката во ниту еден момент не се пресретнала со Никол Коста, поранешната љубовница на принцот Алберт. Иако сите гости будно следеле сè што се случувало, очекувајќи можен инцидент, сепак не дошло до тоа.

Овој викенд се одржал еден од најголемите настан во монегашкото кнежество, а негови домаќини биле токму членовите на монегашкото кралско семејство, предводени од принцот Алберт и принцезата Шарлин.

Многумина се изненадиле од појавата на 51-годишната Никол Коста, која со принцот Алберт има вонбрачен син, 19-годишниот Александар, а за нејзиното присуство на настанот на сите им се пофалила самата на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Coste (@nicole.coste)

Облечена во тесен, црвен фустан, Никол изгледала атрактивно додека им позирала на фотографите. Оние што будно ги следат настаните во монегашкото семејство сметаат дека Никол Косте намерно го направила ова за да ѝ се одмазди на принцезата Шарлин.

Имено, Никол никогаш не ѝ простила на сопругата на Алберт за тоа што пред венчавката во 2011 година, таа го преместила нивниот син Александар од главната зграда на палатата во крило наменето за послугата.

Никол Коста и принцот Алберт биле во врска цели шест години, а оваа поранешна стјуардеса на Air France, во меѓувреме станала модна дизајнерка која повремено се појавува на настани во организација на монегашката палата.

Ја избркала Шарлин од палатата, манипулира со брат ѝ од првиот ден: Војна на золвите во Монако!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.