Најтажната принцеза се смее само кога е без сопругот: Шарлин сама ужива во Париз, па јавно му се заблагодарила нему!

Одлично изгледа

Принцезата Шарлин деновиве ужива сама на Модната недела во Париз и не ја симнувала насмевката од лицето

Принцезата Шарлин од Монако (44) ја воодушевила јавноста со својата појава на Модната недела во Париз, но со неа не бил нејзиниот сопруг, принцот Алберт Втори (64). Многумина забележале дека принцезата е многу поопуштена и дека е насмеана кога нејзиниот сопруг не е во близина.

„Добро е да се биде назад во Париз!“, напишала принцезата под фотографијата од автомобилот што ја објавила на Инстаграм.


Шарлин заблескала во кариран блејзер на „Луј Витон“, бела кошула и црни панталони, кои ги искомбинирала со сребрени обетки и ѓердан.

„Елегантна“, „Убавата принцеза Шарлин“, „Изгледаш одлично“, „Ти си олицетворение на елеганција и добар вкус. Толку убава и грациозна“, „Прекрасна фотографија“, се само некои од коментарите на нејзината објава.

Принцезата на ревијата седела со Џенифер Конели, Џенет Џексон и Бернард Арно.

Пред неколку дена се појавила на ревијата на брендот „Акрис Воменсвер“ и носела нивна креација, син костим.

„Ти благодарам Алберт за прекрасната вечер и ти честитам за 100-те години совршенство“, напишала Шарлин по ревијата и му се заблагодарила на швајцарскиот креативен директор на модната куќа „Акрис Воменсвер“, Алберт Крајмлер, со кого објавила фотографија на Инстаграм.


Инаку, Шарлин се појавила со сопругот Алберт на погребот на кралицата Елизабета Втора на 19 септември, а се чини дека односот помеѓу нив е подобар последниве неколку недели. Принцезата изгледа малку посреќно за разлика од претходните месеци и ги исполнува кралските должности со принцот со кого има близнаци, ќерка Габриела и син Жак (7).

Да се потсетиме, принцезата неодамна прележала коронавирус, поради што била во изолација, а на крајот од мај, првпат проговорила јавно за својата здравствена состојба, додека на локалните медиуми им кажала дека сè уште се чувствува кревко по враќањето во Монако по повеќемесечниот престој во швајцарска клиника, каде што се лекувала од длабока емоционална и физичка исцрпеност.

Принцезата Шарлин јавно зборувала и за својот брак. Тогаш ги коментирала гласините за разводот:

„Сакате да разговарате за гласините за разводот или за мојот нов дом во Швајцарија? Сè уште ми е жал што некои медиуми пласираат такви гласини за мојот живот, за мојот брак. Како и сите други, ние сме луѓе и како и сите луѓе, имаме емоции, слабости, само што нашето семејство е изложено на медиумите и се пренесува и најмалата слабост“, рекла принцезата која во текот на бракот се соочувала со неверствата на сопругот, кој има две вонбрачни ќерки и син.

Сите гледаа во ПРИНЦЕЗАТА ШАРЛИН – во ова ИЗДАНИЕ блескаше со ЧИСТА МОЌ: Не можеше да биде поедноставно, а сепак е ПРВА ЛИГА – без конкуренција (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.