Вил Смит го сними првиот филм по инцидентот на Оскарите: „Се надевам дека нема да бидат казнети поради мене“

Шоубизнис

Популарниот актер успеа да добие улога по проблемите од почетокот на годината.

Вил Смит имаше тежок почеток годинава. Инцидентот со шлаканицата која му ја удри на комичарот Крис Рок не е заборавен. Под знак прашање беше неговата кариера, но сепак се избори за улога во новиот филм.

Тој го сними првиот проект по контроверзиите на годинешната церемонија на доделување на „оскарите“.

Периодот по инцидентот го опиша како многу „тежок“, па ги замоли гледачите да не го „казнуваат“ остатокот од актерската екипа која напорно работела на проектот.

Секако дека беше тешко последните неколку месеци. И само се надевам дека овие спектакуларни уметници, кои се собраа на овој проект, нема да бидат казнети поради мене, рече Џејк Хамилтон на Jake’s Takes Јутуб каналот.

Вил Смит по инцидентот на „оскарите“: „Кога си највисоко на врвот, ѓаволот доаѓа по тебе“

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.