Вил Смит по инцидентот на „оскарите“: „Кога си највисоко на врвот, ѓаволот доаѓа по тебе“

Колегите го тешеле

По шлаканицата што му ја удри на Крис Рок, Дензел Вашингтон, Тајлер Пери и Бредли Купер го смирувале Вил Смит.

На социјалните мрежи се појави снимка настаната во текот на паузата за реклами на која се гледа како  Дензел Вашингтон и Тајлер Пери се обидуваат да го смират и утешат Вил Смит, кој претходно му удри шлаканица на водителот на Доделувањето на „оскарите“, Крис Рок.

Повеќе информации можете да прочитате ТУКА.

Имено, за време на паузата за реклами, Вашингтон и Пери го тргнале Смит на страна и се обидувале да го смират. Смит ги бришел солзите од очите кога се вратил да седне покрај сопругата Џејда Смит, а Дензел дошол да ги утеши нив двајца и неговиот соработник, напиша во својот твит колумнистот Скот Фајнберг објавувајќи го видеото.

Бредли Купер подоцна му пришол на Смит и му ги ставил рацете на рамената.

Инаку, Вил Смит и во својот говор по добивањето на „оскарот за најдобра машка улога“ му се заблагодари на Дензел за поддршката:

Ти благодарам Ди! Дензел пред неколку минути ми кажа: ‘Кога си највисоко на врвот, биди внимателен, бидејќи тогаш ѓаволот доаѓа по тебе’“, рече Вил на сцената и погледна кон својот колега.

Дензел Вашингтон по неговите зборови и самиот се расплака.

Видео: Youtube

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.