„Ми удри шлаканица, бидејќи заработував повеќе од него“: Пејачката Александра Младеновиќ жртва на насилство! (ФОТО)

Страшно...

Александра Младеновиќ се огласи откако во емисијата „Магазин Ин“ признала дека од поранешното момче добила шлаканица и дека тогаш сфатила дека мора да прекине со врската.

„Не сакав да се враќам на таа траума, но мене ми беше важно да испратам порака на сите кои можеби поминуваат низ истата работа. Насилство не смее да се трпи, во  било кој облик, а особено не во врска. Тажно е кога мажите се чуствуваат помалку маженствено од жените кои заработуваат повеќе од нив“ – рекла пејачката.

„Никој никогаш не треба да се срами и да му биде непријатно поради успехот кој го постигнал со сопствена работа и труд. Не се извинувајте поради тоа, а мојот избор е повеќе никогаш да не зборувам на оваа тема“ – рекла пејачката.

Да потсетиме, пејачката во емисијата рекла дека добила шлаканица, бидејќи заработувала повеќе од тогашното момче.

„Така е… бев жртва на насилство и ми требаше доста време да соберам храброст и да зборувам за тоа. Добив таква шлаканица од партнерот, а се поради тоа што не бевме на исти бранови должини. Поточно, проблемот настана бидејќи јас повеќе заработував од него. Тоа се случи одамна, но после тоа долго не бев подготвена да бидам со некој во врска. Со денови трпев навредување, буквално сакаше да ме спушти на негово ниво“ – рекла пејачката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.