Ана му ги оставила децата на сопругот и на неговата љубовница и се отселила од станот: Потоа се случило нешто неверојатно!

Тотален шок

Колку пати сме чуле приказни за тоа како сопругот си заминал со љубовницата и ги оставил жената и децата? Но оваа приказна има поинаков епилог

Ана и Димитриј биле пет години во брак. За тоа време добиле две деца – момчиња, близнаци. Тригодишните деца биле неверојатно немирни и своеглави, но Ана успевала да се справи со нив.

Мислела дека живее живот од бајка: сопруг кој ја сака и двојна круна на нивната љубов – синовите.

Но нејзиниот живот се срушил кога Димитриј ѝ признал дека е вљубен во друга жена и дека планира да започне нов живот со неа. Ана, оптоварена со грижата за синовите, не ни забележала дека се случува нешто такво, па ова ѝ било дополнителен шок.

Се нашла во најлошиот кошмар. Целиот живот се згрозувала до таквото сценарио, да заврши како разведена жена со две мали деца.

Кога сопругот ѝ ја кажал вистината, таа не направила скандал. Направила нешто неочекувано: му кажала на сопругот слободно да остане во нивниот стан, па и да ја доведе својата љубовница.

Димитриј прво мислел дека Ана полудела, но кога почнала да ги пакува своите работи, тој се шокирал. Имено, оваа жена одлучила дека таа ќе си замине, а децата, сопругот и домот ќе ѝ ги препушти на грижата на неговата љубовница.

Се согласила да плаќа алиментација за момчињата, се спакувала и си заминала. Секој викенд доаѓала по децата, ги чувала и за празници или кога Димитриј не можел.

Но љубовницата на сопругот одбила да им биде мајка на неговите деца. Сето тоа ѝ било напорно и не сакала да живее во таква заедница. Таа го сакала Димитриј, но не и неговите деца.

По неколку недели заеднички живот, Димитриј останал и без љубовница и без сопруга.

Бидејќи не можел да си замисли да живее како самохран татко, ја замолил Ана да се врати дома. Таа се согласила, но под еден услов: Димитриј да им го препише станот нејзе и на децата, и секој месец да ѝ плаќа алиментација. Враќањето на старо не доаѓало предвид!

Човек отишол да се исповеда кај свештеник среде пост: „Имам љубовница, ќе ја оставам сопругата“ – еве каков совет добил!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.