Турскиот милионер ги запознал синовите на Емина Јаховиќ: Момчињата го изненадиле со ова прашање
Љубовта им цвета
По разводот со Мустафа Сандал, Емина Јаховиќ се вљуби во поранешниот спортист, еден од највлијателните бизнисмени во Турција, Садетин Саран, со кого е во врска веќе една година.
Иако имаа и неколкумесечна пауза во љубовната романса, сега љубовта им цвета, за што зборува и фактот дека пејачката го запознала својот избраник со синовите Јавуз и Јаман, пренесуваат српските медиуми.
Момчињата се воодушевиле од дечкото на мама, а наводно изразиле и желба таа да им роди братче или сестриче.
Во почеток, се срамеа, но набрзо се опуштија и го прифатија одлично. Тој се шегуваше со нив, се однесуваше блесаво и детски, а се гледаше дека ептен уживаат во неговото друштво. По првата средба редовно се гледаа со Садетин и често одеа во парк со него. Емина е пресреќна што убаво се согласуваат и и’ олесни многу, но се загрижи кога синовите ја прашале дали наскоро ќе добијат братче или сестриче. Емина се шокира од каде им е таа идеја, па избегнува да зборува на таа тема, но тие и понатаму ја прашуваат“, раскажува извор за „Ало“, и додава:
View this post on Instagram
Emina Jahović i Sadetin Saran ponovo uhvaćeni u Istanbulu #EminaJahovic #SadettinSaran #StorySrbija
Емина набргу сфати дека Садетин им се вовлекол на нејзините деца под кожа и дека многу убаво го прифатиле, но им објасни дека за бебето ќе мора да се стрпат. Децата ги растажи тој одговор.“
Фото: Инстаграм, АΤΑ Images