Цеца првпат за здравствената состојба на татка си: „Се исплашив!“

Му се слошило по свадбата на внукот

Како што пренесуваат српските медиуми, таткото на Цеца Ражнатовиќ, Слободан Вељковиќ по свадбата на внукот Вељко Ражнатовиќ имал здравствени проблеми поради кои бил хоспитализиран.

За среќа, Цеца откри дека сега се’ е во најдобар ред со неговото здравје.

Веднаш по свадбата беше хоспитализиран, но, фала му на Бога, сега е добро. Се исплашив, но тој е силен и имаше многу квалитетна нега. Им благодарам на сите доктори и можам само да го пофалам Клиничкиот центар“, вели Цеца за „Блиц“, која е инаку мошне приврзана со татка си и за мајка си Мира, кои не сакаат да се експонираат во јавноста.

Мира и Слободан Величковиќ

Инаку, Цеца е родена на 14 јуни 1973 година во Прокупље, а израсна во селото Житораѓе. Мајка ѝ Мира била учителка во селото, а татко ѝ Слободан машинобравар и трговец.

Велат дека татко ми, кога сум се родила и заплакала, рекол: ‘Леле, се роди пејачка!’ Кога прозборев, родителите ги викав по име, а мајка ми ја ословував со Мицо“, се присети на времето Цеца, која е пресречна што ја има 17 месеци помладата сестра Лидија, пренесува „Блиц“.

Фото: ATA Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.