Цеца искрено за Божиќ: „Додека другите јадат прасе, ние јадеме риба и тоа не ни пречи!“

Ги знае обичаите

Фото: Дамир Дервишагиќ

За Цеца готват Лидија и зетот

Светлана Цеца Ражнатовиќ зборувала за Божиќ, традицијата и семејните обичаи.

„Драго ми е што успеав на моите деца да им ја пренесам традицијата и да ги научам на сите тие обичаи. Најсреќна сум кога гледам колку се среќни нашите деца. Ме радуваат божиќните ритуали“, изјавила таа.

„Сите ние фрламе парички, а Вељко, како машка глава на семејството, ја носи погачата. Мојата желба за бадниковата вечера и Божиќ е сите заедно да бидеме дома, моите деца го знаат тоа и не прават проблеми околу тоа“, открила Цеца.

Кога станува збор за приготвување на празничната трпеза, фолк-дивата повторила дека не ја интересира готвењето.

„Да ме интересираше, ќе научев досега, но имам многу други обврски, па не стигнувам да размислувам и за готвење. Сестра ми Лидија и нејзиниот сопруг одлично готват, па трпезата секогаш е убава, но посна. Додека другите јадат прасе, ние јадеме риба, но тоа не ни пречи“, раскажала Цеца.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.