Едноставен колач од портокал: Сочен, миризлив и совршен десерт што постојано ќе го правите

Ќе се воодушевите!

Рецепт за десерт што брзо се приготвува, а вкусот е фантастичен

Состојки:

За бисквитот

  • 200 г брашно
  • 400 г шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 4 јајца
  • 220 г путер
  • 2 лажички екстракт од портокал
  • 1 лажичка рендана кора од портокал

За преливот

  • 200 г шеќер во прав
  • 2 лажици сок од портокал
  • 1 лажичка кора од портокал
Приготвување:
  • Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови, па премачкајте со путер подлабок правоаголен сад.
  • Изматете ги јајцата со путерот, додајте шеќер, екстракт и кора од портокал и продолжете со матење.
  • Сипете го тестото во сад за печење и печете околу половина час, додека добие кафеавкаста боја.
  • Направете прелив од шеќерот во прав и сокот и кората од портокал.
  • Загрејте ги заедно во сад, повремено мешајте и почекајте шеќерот да се стопи.
  • Испечениот колач прободете го со виљушка и прелејте го со преливот.
  • Почекајте да се олади, а потоа исечкајте го на коцки.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.