Мир Божји, Христос се роди: Славиме Божиќ според старите обичаи

Најрадосниот христијански празник

На Божиќ, според стариот народен обичај, во домот доаѓа специјален гостин кој прв му го честита на семејството овој голем празник

Божиќ е највеселиот христијански празник со кој се прославува раѓањето на Исус Христос. Првиот ден секогаш се одбележува на 7 јануари и се празнува три дена.

Православните верници рано наутро одат на литургија, а оние што постеле, одат на причест.

На Божиќ, според стариот народен обичај, во домот доаѓа специјален гостин кој прв му го честита на семејството овој голем празник.

Уште на врата им се обраќа на домашните, поздравувајќи ги со „Христос се роди“, на што тие му возвраќаат со зборовите „Вистина се роди“.

Тој специјален гостин обично е машко крстено дете, а во народот го викаат и положајник. Треба да биде здрав, цврст и весел, за целата наредна година да носи среќа во домот. Обичај е домаќинката да му подари некој симболичен подарок во знак на благодарност, откако домаќините ќе му посакаат убави желби, а потоа да запали бадниково гранче и да го фрли во печката.

За свечениот ручек, цело семејство се собира околу богатата божиќна трпеза, на која има овошје, зеленчук, месо, леб, колачи и разни други јадења. Погачата се врти како славски колач, се прелева со вино и потоа се крши на онолку делови колку што има домашни. Според народното верување, оној што ќе го добие делот во кој има паричка, ќе биде среќен цела година.

Домашните, традиционално на Бадник, прават печење, обично прасе, кое на трпезата се изнесува на Божиќ. Во некои места момчињата традиционални им подаруваат на девојките украсено јаболко, но тој обичај на многу малку места се има задржано.

По свечениот семеен ручек, се посетуваат пријателите, роднините за да се дружат едни со други и да си го честитаат празникот.

Во народот се верувало дека се’ што ќе се закопа со мотика ќе вроди со плод ако на Божиќ врне дожд.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.