Требаше да остане покрај Елизабета и да се смири со татко му и брат му: Еве што направил принцот Хари!

Пресврт

Фото: Getty Images

Изгледа ништо од сето тоа

Иако се шушкаше дека принцот Хари ќе го продолжи својот престој во татковината и заедно со кралицата Елизабета ќе го обележи нејзиниот 95 роденден, како и дека ги поправи односите со татко му и брат му, тоа сепак не се случило.

Светските медиуми објавија папарацо-фотографии од аеродром во Лос Анџелес, но и пред домот во Монтесити, што принцот го дели со сопругата Меган Маркл и синот Арчи.

Се чинеше дека семејството конечно ќе може да ги среди сите несогласувања, но Хари сепак побрзал да се врати во Калифорнија.

Откако неговиот авион слетал во Лос Анџелес, Хари седнал во својот автомобил со возачот, кој го земал од приватниот терминал на аеродромот, резервиран за богатите и славните, и го одвезол во неговата вила во Монтесити.

Ставија крај на сите несогласувања – Браќата Хари и Вилијам поразговараа, кавгите меѓу нив сега се минато
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.