Тања Савиќ го тужеше сопругот: Одреден датумот за судењето

Битката на фолк-пејачката за синовите доби свој епилог – Тања одлучи да го тужи сопругот, а молитвата ѝ дава сила да истрае во се’…

Повеќемесечната борба, на која се’ уште не ѝ се наѕира крајот, доби нова нишка на надеж. Пејачката Тања Савиќ одлучи да го тужи сопругот Душан Јованчевиќ.

За ова ја извести јавноста во интревјуто за ИДЈ, а откри дека е одреден и датумот на судењето. Сега конечно чувствува олеснување и голема доза на позитивна енергија.

Конечно добивме датум за судењето. Тоа е 19 февруари, па штом олку чекав досега, ќе почекам уште толку, така што тоа ми дава уште една надеж и некаква нова димензија на среќа дека ќе ми се исполнат соништата и дека ќе победи правдата, бидејќи живеам за неа. Правдољубива личност сум и не сакам никој да страда. Работите што ми се направени не би му ги направила никому. Сметам дека секоја мајка треба да биде покрај своите деца. На децата им е местото покрај неа. Не велам дека не им е и покрај таткото, но никој нема право да ги одделува од мајката“, искрена беше Савиќ за IDJ.

Пејачката верува дека ситуацијата ќе се одвива во нејзина полза и дека ќе се реши во краток временски рок.

Верувам дека ќе биде така, имам такво чувство. Австралиските органи ми ја пренесоа оваа убава вест.“

Тања објасни во какви односи е со Душан…

Не се слушам со него. Тој изрази желба да не му се јавувам, а јас ја почитувам. Сега се јавувам исклучиво на телефонот на неговата мајка, а таа ако не може да одговори, мене ми е ускратена можноста да разговарам со децата. Тоа се разговори од 5 до 10 минути, како на лажица. Мора да имам трпение, кога досега имав олкави живци, мора да издржам!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.