Пробајте го оригиналниот рецепт на главниот слаткар во Бакингемската палата (ВИДЕО)

Колачот на кралицата Викторија

Овој лесен колач со крем од путер ѝ бил омилен десерт на кралицата Викторија, по која е и наречен. Имено, кралицата секој ден уживала во освежителната комбинација на бисквити, мармалад и путер-крем. Главниот слаткар на Бакингемската палата го откри овој традиционален рецепт. Рецептот е мошне едноставен, па може да го приготви секој.

Состојки:

Кора:

3 јајца

150 г прав-шеќер

150 г путер

150 г брашно (претходно помешано со прашок за печиво)

1/2 лажиче арома на ванила

100 г мармалад (од јагода или малина)

Путер-крем:

150 г омекнат путер

220 г прав-шеќер

1/3 чажиче ванила

Приготвување:

Кори: загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачјакте го пчехот со путер. Помешајте ги шеќерот, ванилата и путерот во хомогена смеса. Во посебна чинија, изматете ги јајцата и постепено додајте ги во смесата. Со постојано мешање, додајте го и брашното. Кога ќе ги соедините состојките, поделете годобиеното тесто на два дела. Првата половина печете ја во рерна додека добие златна боја, за што се потребни 20-тина минути. Потоа испечете ја и другата половина од тестото. Оставете добро да се изладат двете кори.

Путер-крем: изматете го путерот со прав-шеќерот и аромата од ванила. Првата кора филувајте ја со мармаладот, одгзора распоредете го путер-кремот, па ставете ја втората кора и наросете со прав-шеќер. Тортата послужете ја со англиски чај.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.