Тајна стара 27 години: Цеца никогаш не зборуваше за ова, а сега се појави слика како доказ

Приказна на која никој не останал рамнодушен

Цеца Ражнатовиќ поголемиот дел од видеоспотовите ги има снимено како филмска приказна. Во тој контекст, особено интересна е приказната што се крие зад снимањето на оној за хитот „Кукавица“.

Во него, главната машка улога му беше доделена на Горан Андрејиќ, кој токму поради оваа песна го добил прекарот Горан Кукавицата, а она што е помалку познато е дека улогата на сопругата што тој ја изневерува со Цеца ѝ припаднала на неговата девојка од вистинскиот живот Татјана, со која се оженил по една година од објавувањето на ова видеоостварување.

Имено, Горан и Татјана се запознале токму на снимањето на спотот на Цеца, се вљубиле и почнале врска, па дури и самата пејачка им била гостинка на свадбата, каде што специјално за нив го отпеала хитот „Кукавица“.

На 7 мај 1994 година се ожени љубовникот на Цеца од ‘Кукавица’ (и тоа со својата жена од ‘Кукавица’, манекенката Татјана), а на свадбата им пееше Цеца. И тоа ‘Кукавица’“, стои во описот на фотографијата од венчавката на Горан и неговата сопруга, а на која се гледа и Цеца.

За жал, по неколку години, двојката се разведе, но без разлика на тоа, нивната приказна останува да се прераскажува.

Фото: Twitter

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.