Таа е една од најубавите жени на светот, а ретко кој знае дека е родена како машко: Ја тужела државата и ги шокирала сите!

Неверојатно

Ќе ве изненади животната приказна на Хантер Шафер, прекрасната успешна актерка

Забавата на „Венити Фер“, гала-настан што традиционално се одржува по доделувањето „Оскари“, поминала во знакот на впечатливиот стајлинг на актерката Хантер Шафер! Кога се појавила на црвениот килим само со пердуви преку градите, сите присутни занемеле. Меѓутоа, модните експерти истакнале дека не очекувале ништо помалку од неа, бидејќи оваа ѕвезда е позната по авангардниот стил.

Американската манекенка, актерка и активистка за правата на ЛГБТ лицата е родена како маж на 31 декември, 1998 година. Дебитира како трансродовата средношколка Џулс Вон во телевизиската серија „Еуфорија“, која доживеа неверојатен успех. Оттогаш нејзината актерска кариера се развива со вртоглава брзина. „Тин Вог“ ја сместија на својата листа „21 под 21“ во 2017 година.

Шафер е родена во Трентон, Њу Џерси. Нејзиниот татко Мек е презбитеријански свештеник, па често се селеле поради неговата служба. Има двајца помлади браќа и сестра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hunter (@hunterschafer)


Својата транзиција во женско ја започнала на само 14 години и долго го криела тој факт од семејството. Само нејзините блиски пријатели знаеле за тоа. Имено, актерката ставала маскара во училишниот тоалет, а потоа ја вадела пред да се врати дома. Дури и носела потпетици кришум. Она низ коешто минувала воопшто не ѝ било лесно, бидејќи цело време се обидувала да се разбере себеси и да дознае што ѝ се случува. Се обидувала да ја исконтролира нејзината потреба да ја изрази женственоста, а за сето тоа проговорила јавно во 2016 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hunter (@hunterschafer)

На родителите им признала сè во седмо одделение и иако им било тешко да разберат што се случува со нивното дете, ѝ дале целосна поддршка. Имаат само една цел – да биде среќна и задоволна.

„Сакам луѓето да знаат дека не сум цис-девојка, бидејќи тоа не е нешто што сум ниту се чувствувам така. Горда сум што сум трансродово лице“, истакнала актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hunter (@hunterschafer)


Се бори на сите начини за да им овозможи на трансродовите лица да живеат нормално, бидејќи се соочуваат со секојдневни ограничувања. Па така, ја тужела Северна Каролина поради „статутот за тоалет“.

„Што точно е овој статут? Усвоен во март 2016 година, тој наведува дека корисниците на јавни тоалети мораат да го користат тоалетот што соодветствува на нивниот пол доделен при раѓање, а не тоалетот што одговара на полот со којшто се идентификуваат. Овој закон ги загрозува транс-лицата, особено оние што живеат надвор и помеѓу родовите бинарности“, изјавила актерката.

Ја добила оваа битка, но и понатаму активно продолжува да се соочува со сите проблеми што го отежнуваат функционирањето на ЛГБТ популацијата.

Првите фотографии на актерката по промената на полот: Лузни на телото, насмевка на лицето!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.