Спијте мирно: Џеј Ло и Бен Афлек се уште се заедно, еве од каде дојдоа гласините за нивната разделба

Шоубизнис

Бракот на Џенифер и Бен Афлек е во криза – ова можете да го слушнете од различни страни, но сега се појавија фотографии кои најдобро ја покажуваат состојбата во врска со познатиот пат.

Но, се тргна од приказната дека Бен Афлек ќе мора порано да се враќа во Лос Анџелес додека Џеј Ло уште малку ќе остане во Европа. Се чини дека тој трач е малку неуверлив, затоа што парот веќе неколку дена се наоѓа на старото место во Калифорнија. Гласините изгледа ги поттикна кратка раздвоеност на сопружниците додека славната пејачка се одмарала на Капри.

„Единствената работа која нивната врска ја прави толку едноставна е што точно знаат што бараат нивните професии. Всушност, веруваат дека нивната раздвоеност ќе ги направи уште појаки и тоа е совршено, затоа што кога се раздвоени, заработуваат огромна сума на пари. Тоа е ситуација во која и двајцата победуваат“, рече изворот.

Можеби брачниот пар наскоро ќе се раздвои повторно, но е повеќе од јасно дека не се работи за вистинска разделба, туку се основа на празна приказна.

На фотографиите кои се забележани денеска и претходните денови Џен и Бен изгледаат повеќе отколку заљубено додека уживаат со децата во Санта Моника.

Фатен е и нивнит бакнеж, како и нежните изливи на емоции.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.