Сопругата на славниот британски готвач Џејми Оливер, Џулс, доживеала спонтан абортус за време на карантинот, трет од 2016 година, кога го роди најмладиот син Ривер.
Џулс и Џејми имаат пет деца, а за време на гостувањето во еден поткаст, Џулс откри дека го загубила бебето три недели пред тоа.
Навистина сакам уште едно дете, но мора да размислам дали е тоа добра идеја психички. А и физички, бидејќи имам 45 години, па ситуацијата е малку осетлива. Џејми и понатаму сака дете… Ќе се обидувам уште една година, а потоа засекогаш го затворам тоа поглавје, бидејќи сум среќна и исполнета“, откри Џулс.
Џулс откри како се чувствувала по абортусот.
Па, ова ми е пети абортус досега, два доживеав пред да го родам Ривер. Некако, кога ќе останам бремена, размислувам дека бременоста нема да се задржи и продолжувам онатаму“, објасни таа.
Џејми и Џулс во јуни прославија 20 години брак, а во посветата на сопругот Џулс откри дека имала пет абортуси.
Создадовме пет прекрасни деца и загубивме пет наши ѕвездички на небото“, напиша Џулс.
Фото: Инстаграм