Се чини дека повеќето од нас после работа стресот „го удавуваме” во алкохол

Тоа не треба да стане навика

Иако се чини дека алкохолот го намалува стресот, тој на крајот предизвикува контраефект, така што проблемите изгледаат уште поголеми отколку што се. Наместо да поминете вечери на каучот со чаша вино во рака, спортувајте.

Една од шест жени и една петтина од мажите пијат најмалку една чаша вино секој работен ден по напорната работа, според студијата на британската организација Drinkware спроведена на 2.000 лица на возраст од 30 до 45 години.

Скоро две третини од возрасните признаваат дека пијат алкохол за да можат што е можно побрзо да се справат со работата, а голем број од нив веќе размислуваат за чаша вино кога одат дома. Околу 60% од нив ги гледаат причините за стресот во работата и финансиските тешкотии, додека за третина од нив причината е семејството.

Иако се чини дека алкохолот го намалува стресот, тој на крајот предизвикува контраефект, така што проблемите изгледаат уште поголеми отколку што се. Наместо да поминувате вечери на каучот со чаша вино во рака, спортувајте или потрошете квалитетно време со семејството, ова е единствениот начин навистина да се опуштите и да се ослободите од стресот, како што забележа Сиобан МекКан од Drinkware.

„Алкохолот може да го наруши сонот, да предизвика зголемување на телесната тежина, да го зголеми ризикот од карцином и срцеви заболувања и колку повеќе пиете, толку побрзо телото ќе се навикне. Затоа треба да бидете внимателни да не влезете во навика да пиете чаша вино после работа, затоа што тоа би можело да се претвори во многу посериозен проблем – алкохолизам“, рече професорот Пол Валас, медицински советник во организацијата.

Прочитајте и: Меган Маркл го започнува секое утро со овој пијалак: Благодарение на него, таа има идеална линија!

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.