Соња Тарчуловска објави емотивна порака посветена на нејзиниот сакан Јохан: „Ова е од твојата екипа!“!

Ги разнежни срцата на следбениците

Пејачката Соња Тарчуловска и нејзиниот сакан Јохан поминаа вистинска животна голгота. Потребна беше голема љубов и максимално трпение за да извојуваат победа после сите премрежја. Сега се среќни и уживаат во вистинска хармонија покрај двете деца кои се плод на нивната вистинска љубов.

 

Деновиве во нивниот дом имаше нова причина за славење.

Јохан го славеше својот 48 роденден, па покажа и каква торта добил од најблиските.

Соња не ја пропушти приликата за јавно да му честита на сопругот, па сподели нивни зеднички фотографии, а во описот напиша:

Ти посакувам Верба, Љубов, Надеж и Мудрост. Пред се биди жив и здрав.

Од твојата екипа што е секогаш со тебе и во добро и во лошо.. СРЕЌЕН!

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.