Скромниот дом Рада Манојловиќ го претвори во вила: Еве како беше порано, а како е сега (фото)

Парите си го прават своето...

Не штеди…

Рада Манојловиќ неуморно работи повеќе од една и пол деценија, со цел на своето семејство, а и себе си да обезбеди најдобар можен живот. Пејачката никогаш не криела дека потекнува од сиромашно, но вредно и чесно семејство.

Колку сакала да му помогне на семејството сведочи и старата куќа на Рада Манојловиќ.

Рада на самиот почеток на кариерата ја отвори вратата од својот скромен дом за новинарите, но вети и дека следниот пат кога ќе дојдат на истото место ќе најдата поголема и поубава куќа.

Речено, исполнето.

Во една прилика пејачката истакна дека нејзиното семејство се занимава со земјоделство, а дека татко и продавал на пазар и дека од тоа живееле. Меѓутоа, откако Рада се прослави, многу работи се променија. Од стариот дом изгради голема и убава куќа.

Иако се уште нема личен дом во Белград, пејачката не зажали за парите инвестирани за домот во Четереж. Во новата куќата во моментов никој не живее, бидејќи таткото и маќеата на пејачката решиле да го продолжат животот во старата.

Рада и нејзината сестра Марија често го посетуваат родното село, а за време на празниците целото семејство се собира во домот на пејачката.

Манојловиќ се уште не размислува за стан во главниот град на Србија, а во една прилика објасни и зошто.

„Јас сум тип на човек кој мисли дека секогаш ќе има време и пари, дека ќе заработува постојано и дека ќе дојде време кога ќе треба да се купи и стан во Белград“, изјави Рада.

Фото: Инстаграм и принтскрин Јутјуб

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.