Северина ја измачи хрватската телевизија: Отиде на одмор во Јордан и не крева телефон, откриено е каде ќе пее за Нова година!

Шоубизнис

Северина Вучковиќ, која отпатува на одмор во Јордан и оттаму објавува фотографии, започна преговори со хрватската телевизија за настап во нивната новогодишна програма.

Меѓутоа, преговорите се заглавени бидејќи Северина престана да им одговара на телефон. Не е познато дали пејачката не се јавува поради одморот во Јордан или HRT, која го помести снимањето на емисијата од 27 ноември на 5 декември, а Северина ќе биде дел од новогодишната програма во која ќе испее некои од нејзините хитови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Северина последен пат на HRT настапи во 2019 година, кога пееше на претставувањето на есенската шема. Во фустан со висок шлиц и голи рамења, за кој многу се зборуваше, ја засени прославата на HRT.

Инаку, Северина за Нова година ќе настапи во родниот Сплит. Организацијата на концертот ќе чини околу 77.000 евра, со тоа што 27.000 оди за продукцијата и бината, а за претгрупата ќе бидат потребни околу 7.000 евра.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.