Сека Алексиќ го запали Берлин! Сите очи беа вперени во неа: Кога ќе го видите стајлингот, ќе ви биде јасно зошто е тоа така!

Шоубизнис

Фото: Инстаграм

Сека Алексиќ неодамна беше во Берлин каде имаше настап, но пејачката слободното време го искористи за да се прошета низ германската престолнина како турист, па за таа прилика избра модерен стајлинг, поради што сите погледи беа вперени во неа.

Пејачката во последните неколку месеци направи голема промена во стилот кој сега е поурбан и инспириран од метал и рок музиката, а многумина се на мисла дека феноменално и` прилега.

Пејачката сподели видео на Инстаграм од себе пред познатиот берлински клуб “Berghain“, Сека за оваа прилика избра црна боја од глава до пети.

Фолк дивата носеше црни хеланки и црн кожен капут со миди должина и црна, брендирана чанта, како и тренди очила за сонце.

Многумина беа посебно привлечени од нејзините чизми со платформа, кои одлично одговараа на целата облека. Овој модел на обувки е навистина авангарден и има многу високи, иако дебели потпетици, а дефинитивно се разликуваат од се и за да ги носите треба малку храброст, па и модно лудило.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.