Се сомневаа дека не е нејзина ќерка, а сега Наоми прошета со наследничката: И двете исто облечени, луѓето се опседнаа со нив!

Шоубизнис

Наоми Кембел (52) во 2021 стана мајка. Се зборуваше дека детето не е нејзино што таа остро го демантира, а пред три дена се појави со својата наследничка во Лондон.

Познатата мајка и нејзината ќерка одржаа совршена модна лекција. Наоми внимателно ја одбрала облеката за себе и девојчето, а предност ѝ дала на елегантната и раскошна виолетова боја, па така добивме нов омилен моден спој.

Имајќи го предвид врвното модно знаење на Наоми, оправдано е да се очекуваат уште многу модни изненадувања во овој стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

Наоми неколку месеци во интервју за The Cut раскажа дека детето го добила со помош на сурогат-мајка, а во февруари оваа година кога позираше за „Вог“ со ќерката изјави:

Не е посвоена, таа е мое биолошко дете. На една рака можам да ги набројам луѓето кои знаеја дека ќе станам мајка. Но таа е најголем благослов кој некогаш можев да го замислам. Отсекогаш знаев дека еден ден ќе станам мајка, но тоа е најголема радост која некогаш можев да ја замислам.

Во целата приказна, секако, не е важно дали детето е посвоено или биолошко. Ниту во оваа, ниту во секоја друга приказна. Претпоставуваме дека Наоми тоа го нагласи поради крајните неприфатливи коментари дека детето не е нејзино, и тоа само поради годините во кои стана мајка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.