Се обидува да ја прикрие аферата: Скандалозната пејачка призна дека била интимна со Афлек и му го загрози бракот!

Нова афера на повидок?

Како Бен Афлек реагира на шокантното признание на Бритни Спирс?

Изминатиов период се појавуваа разни приказни за Бен Афлек, но признанието на Бритни Спирс сите ги остави без текст, особено поради тоа што со децении не се знаеше ништо за нивната кратка романса. Имено, пејачката, чие име е синоним за скандали, откри на својот инстаграм-профил дека се бакнувала со сопругот на Џенифер Лопез, но веднаш ја избриша објавата.

„Кул слика од мене, Бен Афлек и Дијана пред многу години. Тој е толку неверојатен актер. Дали заборавив да споменам дека се бакнував со Бен таа вечер? Искрено сум заборавила. Неверојатно! Би сакала да можев да ви ја раскажам приказната што се случи пред тоа!!! Боже, јас само трачарам. Пссст, всушност сум заборавила“, напишала, па избришала Бритни.

Сите нивни обожаватели се кренаа на нозе, додека светските медиуми се обидуваат да дознаат што се случило пред бакнежот.

Изгледа дека на Бен воопшто не му годи оваа приказна, бидејќи изгледал многу потиштено и замислено покрај синот кого го водел на тренинг, и тоа само неколку часа откако експлодирала веста. Се чини дека Бритни му направила сериозни проблеми на Бен во бракот.

Од друга страна, пејачката остро демантирала дека снима нов албум.

„Само да разјаснам дека повеќето вести се ѓубре. Велат дека им се обраќам на одредени луѓе за да снимам нов албум. Никогаш нема да се вратам во музичката индустрија“, порачала Бритни.

Папараците постојано ги начекуваат скарани, додека тие велат дека се обожаваат: Конечно е откриена причината за нивните караници!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.