Саша Ковачевиќ „фрли око“ на ОВАА наша бивша мисица! (видео)

Што се случува тука?

Познатиот српски заводник Саша Ковачевиќ. деновиве престојуваше во Скопје. Поводот беше роденденот на ресторанот Еквилибриум, каде тој во петокот одржа целовечерен концерт. Ги отпеа неговите најголеми хитови, но она за што сите зборуваа беше хемијата која се почувствува помеѓу пејачот и нашата позната бивша „Мис бикини на светот„ Маја Глигоровска, која во моментов работи како одделенски наставник. Сепак Маја држи до себе па и денес изгледа како во времето кога ги освојуваше титулите за убавина, па не е ни чудно што Ковачевиќ и „фрли око“, па и го посвети половина репертоар, а на некои песни и заедно танцуваа, погледнете…

 

Што се случило по настапот не можеме да тврдиме, но она што го коментираа присутните е дека тие двајца би биле многу убав пар. Дали Глигоровска ќе стане српска снаа останува да видиме…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.