Решена мистеријата што се крие зад двата часовника на раката на покојната принцеза Дијана

Во време на најголемата љубов со принцот Чарлс

Многупати, британската принцеза Дијана беше забележана со два часовници на нејзиниот рачен зглоб, а зад овој необичен моден избор се крие навистина интересна приказна.

Фотографијата подолу е направена во 1981 година, кратко време по свршувачката на Дијана со принцот Чарлс.

zoshto-princezata-dijana-noseshe-dva-chasovnici-na-nejziniot-zglob-02.JPG

Фотографијата е снимена за време на поло-натпреварот на принцот, проследен од страна на неговата свршеница, а на нејзината рака се забележуваат два часовници.

Наводно, златниот часовник со тенко ремче ѝ припаѓал на Дијана, но потемниот бил на Чарлс. Принцезата има изјавено дека го носела часовникот на Чарлс во негова чест, но и за да му „држи среќа“.

zoshto-princezata-dijana-noseshe-dva-chasovnici-na-nejziniot-zglob-03.pg.JPG

Овој гест многу потсетува на традиција од минатото – младите дами им врзувале шамивче на шлемовите на витезите пред дуел. Шамивчето било како амајлија за среќа и со ова дамите ја покажувале нивната поддршка за витезите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.