Прогласена е најубавата новогодишна елка во Европа: Овој град втора година по ред ја добива првата награда!

Погледнете

Најубавите традиционални новогодишни саеми ширум Европа оваа година се откажани поради пандемијата на коронавирус

Но дури и во отсуство на традиционалниот саеми, плоштадите на светските престолнини се украсени со импресивни елки. И додека можеби мислите дека најубавата европска елка осамнала во Париз, Лондон или Милано, оваа година литванската престолнина е на врвот.

Пред само неколку дена, втора година по ред, главниот град на Литванија, Вилнус, е избран за град со најубава новогодишна елка во Европа, оставајќи ја Прага и другите големи градови зад себе.

Новогодишната елка во Вилнус навистина претставува надреална креација што ги спојува традицијата, модерноста и одржливоста. Инсталацијата во форма на конус, поставена покрај црквата Свети Јован, е дизајнирана така што можете да ѝ се восхитувате и од далечина.

Композицијата висока 24 метри се состои од метални панели украсени со светла што ја менуваат бојата однадвор и со огледала од другата страна. Како и претходните години, металната рамка е украсена со вистински гранчиња смрека, собрани од околните шуми. Повеќестраната модерна фасада се отвора токму колку да ја открие однатре живата и одлично украсена смрека. Домашниот ентериер овозможува божиќниот дух да продолжи да живее и покрај пандемијата.

Визуелно, елката изгледа како надреалистична слика – модерна композиција висока 24 метри, опкружена со 6.000 живи и миризливи гранки, декорирани со речиси 4 км долги божиќни сијалички што ја менуваат бојата, 800 сребрени украси и 150 метри квадратни големи огледала.

Најмодерната инсталација всушност е двојна: со просторното поставување на металните конструкции се создаваат неколку површини украсени со огледала, додека внатрешноста е направена така што изгледа удобно, како дом и интимно со жива елка, украсена со шишарки и фенери.

Новогодишните елки од Вилнус станаа популарни благодарение на своите оригинални теми, единствени украси и магична атмосфера што ја создаваат. Минатогодишното дрво, на пример, потсетуваше на шаховска кралица во син фустан и сребрена наметка, чувана од редови пиони, додека тематскиот претходник имал стилизиран часовник со подвижни запци – снегулки.

Елката во Вилнус ќе ги радува посетителите до 7 јануари 2021.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.