Принцот Вилијам одлучно ѝ одзел важна улога на Камила: Сака да ги заштити децата, а не може да ѝ го прости минатото на маќеата

Прочитајте

Принцот Вилијам јасно им ставил до знаење на сите дека неговите деца имаат само една баба, односно дека Камила никако не може да им биде баба

Кралскиот биограф Ангела Левин во својата книга тврди дека Вилијам не сака Камила да им биде позната на неговите деца како „баба“, бидејќи таа тоа не е за нив. Покрај, Керол, мајката на Кејт Мидлтон, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, немаат други баби – категоричен е Вилијам.

Принцот од Велс, наводно, бил упорен во тоа Камила да биде признаена како сопруга на неговиот татко, но никако како баба на неговите деца.

Иако една од помошничките на Камила, Аманда Макманус, тврди дека Камила е многу топла жена, која нема намера да „краде“ внуци, бидејќи веќе има свои, односно дека сака деца и смета дека што повеќе ги има, тоа подобро.

„Сепак, Вилијам јасно даде до знаење дека Камила му е сопруга на неговиот татко, но не и баба на неговите деца, односно дека принцот Џорџ, неговата сестра принцезата Шарлот и принцот Луис имаат двајца дедовци, но само една баба“, пишува во книгата.

Сепак, очигледната ситуација на погребот на кралицата Елизабета кажува нешто друго за Камила. Имено, во еден момент кога малата Шарлот се расплакала, Камила наводно ѝ кажала на Кејт: „Или смири ја или одведи ја одовде.“

Камила долго си го поплочуваше патот во кралското семејство и трпеливо ги чекаше своите пет минути. За тоа колку била внимателна и упорна сведочи и фактот што самата кралица ѝ ја доделила ласкавата титула „кралица сопруга“.

Но нејзиниот пат до мажот од нејзините соништа не бил воопшто лесен. Благодарение токму на тој пат, таа ја добила не толку ласкавата титула на љубовница.

Откако таа и Чарлс се запознале и биле кратко во врска, Камила се омажила за друг маж, додека Чарлс бил во кралската морнарица.

По враќањето, Чарлс се оженил за Дајана Спенсер, но бракот им се распаднал години подоцна поради тврдењето дека имал афера со Камила.

Во 1992 година, тогашниот премиер Џон Мајор објавил дека Чарлс и Дајана се развеле. Две години подоцна, во 1994 година, Чарлс признал дека ѝ бил неверен на Дајана.

Во 1995 година, Камила и нејзиниот сопруг Ендру исто така објавиле дека се разведуваат, истата година кога Дајана го дала интервјуто во кое вели:

„Бевме тројца во овој брак, па се создаде мал метеж.“

Чарлс и Камила ја објавиле свршувачката во 2005 година, што предизвикало шок и претпоставки околу тоа која титула би требало да ја преземе таа.

Тогаш палатата објавила дека Камила ќе ја добие титулата на војвотка од Корнвол за да се одбегнат какви било контроверзии околу титулата на покојната принцеза Дајана.

Во февруари 2022 година се појавила кралицата за да му го даде својот благослов на овој пар и објавила дека откако Чарлс ќе го преземе престолот, Камила ќе стане кралица сопруга.

Принцот Вилијам сакал да се сретне со Хари, тој го одбил со два збора!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.