10 модни совети на Џорџо Армани што секоја модерна жена треба да ги знае: „Бидете запаметени, а не само забележани“

Модна библија

Џорџо Армани има непогрешливи совети кога станува збор за модата и тој тврди дека клучот за добриот стил е во умереноста

Џорџо Армани е еден од најмоќните светски познати дизајнери. Тој го креира стилот што го носиме денес, без да сме свесни дека таа мода некогаш била многу поинаква.

Тој докажа дека луксузното не мора секогаш да биде неудобно и тесно, а неговиот стил е синоним за деловен шик и префинета елеганција. Својата модна империја ја основал пред речиси половина век, а денес неговата модна куќа е синоним за успех, гламур и луксуз.

Светска слава постигнал во 1982 година, а ќе остане запаметен по тоа што ги ослободил жените од строгото облекување, па меѓу првите го вовел лежерниот стил за дамите во модниот свет.

Секогаш тврдел дека треба да бидете свои и да креирате сопствен стил, наместо да ги копирате другите. Како што тврдел Џорџо Армани, лагата секогаш испливува на површината и никогаш не треба да бидеме нешто што не сме.

Секогаш зборувал дека ако не знаете што да облечете, тогаш треба да тежнеете кон минимализам и класика.

Според Армани, вистинскиот луксуз не е да се носи скапа и дизајнерска облека, туку да се чувствувате добро во својата кожа и да го правите она што навистина го сакате.

Во продолжение прочитајте 10 бесценети совети на Армани, со помош на кои не само што ќе бидете забележани, туку и засекогаш запаметени.

1. „Стилот е поважен од модните трендови со краток век.“

2. „Немојте премногу да се оптоварувате со облеката: најстилизираните луѓе изгледаат како да не се трудат и како да не вложуваат никаков напор. На крајот, стилот се сведува на самоизразувањето.“

3. „Суштината на стилот е да се каже нешто комплицирано на едноставен начин.“

4. „Елеганција не значи да се биде забележан, туку да се биде запаметен.“

5. „Внимателно одбраните парфеми можат да станат вашиот заштитен знак. Ова е првото нешто што го чувствуваат мажите кога ќе влезете во просторијата и последното нешто што исчезнува кога ќе си заминете.“

6. „Евтиниот пар обувки е лоша инвестиција. Не штедете на обувки, тие се темелот на вашата гардероба.“

7. „Елеганцијата е клучот на изгледот, не потклекнува пред времето, никогаш не излегува од мода, па со самото тоа и модата никогаш нема да излезе од вас.“

8. „Да се изгледа секси е прашање на самодовербата. Тоа е прашање на умот исто колку и прашање на телото.“

9. „Црната и темносината боја ‘стеснуваат’ повеќе од другите бои. Користејќи ги овие бои, можете да си дозволите да експериментирате со формите и текстурите.“

10. „Разликата помеѓу стилот и модата е во квалитетот. Специјалноста на Армани е совршениот спој на меки ткаенини и минимализам.“

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.