Пожар во хотелот на Карлеуша: Итна евакуација на гостите, страотна глетка (ВИДЕО)

Бебиња на бродот, деца плачат!

Луксузниот одмор на Јелена Карлеуша и нејзините ќерки Атина и Ника Тошиќ и тетката Данијела Дмитровиќ го наруши огнената стихија во Турција и го претвори во вистински хорор.

Популарната пејачка се огласи на Инстаграм и пренесе драматична глетка на која се гледа како ја евакуираат од хотелот во кој избил пожар.

Нема да поверувате што се случи во нашиот хотел. Гори се’, дојдоа да не’ евакуираат. Јас сум тука со децата“, објави Јелена на својот инстаграм-профил снимајќи го ужасот што се случува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

На снимката се гледа бротчето што дошло по нив, додека пејачката настојува да ја смири паниката на исплашените луѓе.

Меѓутоа, сите врескаат и панично бегаат, а на бротчето со неа се голем број деца и бебиња, како и нејзината тетка Данијела, која е видно вознемирена.

Сите членови на семејството се сместени на бротчето за евакуирање, останува да видиме што ќе се случува понатаму. Целата снимка можете да ја погледнете во продолжение.


Во соопштението, пак, од хотелот стои:

Поради пожарот што се случи во непосредна близина на хотелот, ги пезедовме сите неопходни мерки за зачувување на здравјето и сигурноста на нашите гости. Благодарение на пожарникарите, огнот е ставен под контрола и никој од нашите гости и вработените не е повреден“, пишува во соопштението.

Видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.