По долго размислување, одлуката е донесена – Никола е трет полуфиналист во „Заблескај“: Жирито луто што мораше да избере само еден!

Тешка задача!

Трет полуфиналист во „Заблескај“ е Никола Симоноски!

Ова е одлуката која што ја донесоа пејачката Бојана Скендеровски и композиторот и музичар Николче Мицевски кои што беа стручно жири во рамки на третата емисија од музичкото талент шоу.

Оваа одлука воопшто не е лесна, го зголемивте бројот на кандидати, а ние мораме да избереме еден. Никола е нашиот избор, но ништо не е изгубено и кога другите кандидати се во прашање, посочија Николче и Бојана непосредно откако ја донесоа финалната одлука.

Никола има 19 години, живее во Скопје и е студент. Има огромна желба да се занимава со музика за која вели дека е бесконечна експресија која го менува светот на подобро. Среќен е што има можност да учествува во натпревар од ваков тип, а негови идоли од домашната музичка сцена се Лозано, Тамара Тодевска, Тоше Проески, Каролина Гочева…

Инаку, од оваа емисија, поради зголемен интерес, наместо 10 беа прикажани 13 кандидати, а така ќе биде и во наредните емисии.

Честитки од екипата на „Убавина и здравје“ до Никола и нека се подготвува за полуфинале.

Наскоро следуваат детали за полуфиналето и финалето, а она што сите кандидати мора да го знаат е фактот дека ништо не е изгубено за никој од нив. Во полуфиналето ќе настапат минимум 12 полуфиналисти, што значи шансите за влез за сите се отворени.

Во продолжение погледнете ја третата емисија од „Заблескај“:

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.