Откако ја сместила мајка ѝ во старечки дом, животот ѝ станал подобар и полесен: Сега ја мачи мислата дали направила голем грев

Исповед на жена која ја сместила мајка ѝ во дом

Искрена исповед на жена која не е сигурна дали постапила правилно

Кога родителите ќе остарат, особено кога веќе нема да бидат во можност да се грижат сами за себе, многумина размислуваат за опцијата да ги сместат родителите во дом за стари лица.

Ваквите одлуки никогаш не се едноставни и често наидуваат на осуда од општеството. Една жена одлучила да ги сподели своите причини зошто одлучила да ја смести својата мајка во старечки дом и како таа одлука ѝ го подобрила животот.

„Еден ден се вратив од работа и ја најдов вратата ширум отворена. Се втрчав во станот, слушнав како тече вода од кадата на подот и како се шири по ходникот. Викнав по мајка ми, но никој не ми одговараше.

Што се случило сега, каде е, се прашував.

Отидов кај соседите, кои ми кажаа дека ја виделе како седи на клупа со други баби пред влезот на зградата. Отрчав таму и ја најдов како си разговара со тие жени. Ме погледнаа како да не сум нормална. На прв поглед, мајка ми изгледаше нормално, но не знаеја дека боледува од Алцхајмерова болест и дека веќе имала многу агресивни епизоди. Ја убедив да одиме дома, размислувајќи што да правам сега. Не можам да ја оставам сама. Не можам секогаш да бидам со неа. Работам, а искрено, не сакав секој слободен момент да ѝ го посветувам само нејзе, имав и свој живот.

Долго се борев со чувството дека ја предавам, се чувствував лошо, особено кога ќе помислев дека би можела да се изгуби некаде поради болеста. Кога наполни 84 години, сè почести станаа нападите на агресија. Кога ќе ни дојдеше некој на гости, ги маваше луѓето со што ќе стигнеше. Секој ден ја оставаше водата да тече од чешма, фрлаше облека во кадата, мијалникот…

Одлучив дека морам да ја сместам во старечки дом. Најдов дом за проблематични постари лица. Си помислив дека таму ќе има постојан надзор што јас не можам да ѝ го овозможам.

Мама е таму веќе една година. Почнав да работам поквалитетно, бидејќи психички сум помирна и поодморена. Социјалниот живот почна да ми се подобрува. Мислите конечно ми се појасни…

Ја посетувам мајка ми секој викенд и знам дека таму ѝ е добро. Сепак, и понатаму ме мачи нешто… Дали можев да направам нешто повеќе за неа? Дали направив голем грев?“

Што мислите вие за оваа ситуација? Дали жената постапила правилно?

ИСПОВЕД: „Го посвоив детето на сестра ми, па добив нож во грб!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.