Популарната водителка ја загуби битката со канцерот: Почина по 5-годишната борба со подмолната болест

Тажна вест

Приказната на водителката на Би-Би-Си, Дебора Џејмс, растажи многумина пред пет години кога дозна дека боледува од рак, а неодамна ги фрли во очај сите оние кои внимателно ја следеа нејзината здравствена состојба бидејќи се откажа од лекувањето и остави проштално писмо.

Дебора Џејмс почина на 40-годишна возраст по долгогодишна борба со тешката болест. Веста за смртта на водителката ја објави нејзиното семејство на Инстаграм.

Со голема тага јавуваме дека почина Дебора Џејмс, најпрекрасната сопруга, ќерка, сестра и мајка“, се наведува во објавата. Дебора починала опкружена со членовите на семејството.

На Дебора ѝ бил дијагностициран неизлечив рак на дебелото црево, за кој дознала во 2016 година и оттогаш го чека својот крај бидејќи ѝ рекле дека ќе живее уште пет години. Своите искуства од лекувањето и лавовската борба редовно ги споделуваше на својата страница на Инстаграм, па тоа го направи и сега, објавувајќи дека е пуштена од болница, зборувајќи се со сите.

Ова е порака која никогаш не сакав да ја напишам. Пробавме сè, но моето тело едноставно не сака да учествува во третманите. Моето активно лекување заврши и сега сум префрлена на домашно лекување, а моето неверојатно семејство е околу мене и мојот фокус е да се погрижам ништо да не боли и да поминувам што повеќе време со нив“ – напиша водителката на оваа социјална мрежа.

Оваа порака им се допадна на речиси 200.000 луѓе, а околу 35.000 од нив ѝ оставија пораки за поддршка, љубов и почит.

Никој не знае колку време ми преостанува, но веќе не можам да одам, спијам поголем дел од денот, а повеќето работи што ги земав здраво за готово сега ми се како сон. Знам дека направивме се’ што можевме…“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deborah James (@bowelbabe)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.