Поранешниот сопруг не ги штедеше пофалните зборови пејачката: „Ана е жена, мајка, кралица“

За бившите - се' најдобро!

Доколку спаѓате меѓу оние што тврдат дека бившите сопружниците не можат да останат во добри и пријателски односи – се лажете. А тоа го потврдува и примерот на поп-пејачката Ана Кокиќ и поранешниот ватерполист Никола Раѓен, кои по 10 години брачен живот се разведоа, но продолжија да негуваат блиски односи поради своите две ќерки, Теа и Нина.

Имено, за време на гостувањето во популарна ТВ-емисија, Никола не ги штедеше пофалните зборови за својата поранешна сопруга, но истакна и една нејзина мана…

Ана е жена, мајка и кралица. Таа е многу благородна жена, голем работник. Се’ што правеше, правеше сама. Има прекрасен карактер, се’ додека ја налутиш. Кога ќе ја налутиш, таа се трансформира“, откри тој во „Контрашоу“, па продолжи за тоа како реагирал кога првпат ја видел нервозна.

Бев изненаден, но позитивно. Тоа кај неа трае многу кратко“, истакна поранешниот ватерполист.

А еве што изјави Ана Кокиќ по разводот на 10-годишниот брак со Раѓен, со кого документите ги потпиша токму за Божиќ…

Никола и јас се разведовме на цивилизиран начин. Се договоривме за се’ и сметам дека тоа е единствениот правилен пат, бидејќи ние луѓето сме интелигентни суштества и дадена ни е моќ за говор за да можеме проблемите да ги решаваме со договор. Останавме во исклучително добри односи, што е навистина несекојдневно во ваква ситуација. Отсекогаш ми било жал за двојките што по разводот се мразат и не комуницираат. Не мора да се сакаме, но не треба ни да се мразиме“, раскажа пејачката во интервјуто за магазинот „Стори“.

Фото: Инстаграм, Стори

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.