Откако ги нападнаа за непочитување на национална химна, Џеј Зи објасни зошто тој и Бијонсе не станале (ВИДЕО)

Можеби ги болеле нозете...

Вниманието на светската јавност го привлече снимката од Супербол, на која се гледаат славните сопружници Џеј Зи и Бијонсе како седат за време на интонацијата на американската химна.

Веднаш почна да се зборува дека двајцата наводно испратиле порака за поддршка на поранешниот НФЛ-играч, Колин Каперник, кој пред четири години клекнал за време на интонацијата на американската химна на Супербол протестирајќи на тој начин против расизмот.

Џеј Зи објасни дека тоа што тој и Бијонсе седеле не значи дека протестирале.

Не, тоа навистина не беше протест. Жал ми е. Навистина го гледавме шоуто“, рече популарниот музичар на предавањето на Универзитетот „Колумбија“ на 4 февруари, два дена по „Супербол“.

Џеј Зи додаде дека немало потреба од тивок протест бидејќи уметниците на сцената го изразиле најголемиот и најгласен протест досега алудирајќи на настапот на Џенифер Лопез и Шакира на Супербол, кој во себе криеше политички пораки.

Зошто сите зборуваат за настапот на Џенифер Лопез и Шакира: Вакво нешто не се гледа секој ден! (ВИДЕО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.