Зачекорете во семејниот дом на Ким Кардашијан и Канје Вест (ФОТО)
Славната американска двојка Ким Кардашијан и Канје Вест ја покани екипата на Architectural Digest во својот дом во Лос Анџелес. Куќата, која е уредена во минималистички стил, популарниот рапер и дизајнер ја опишува како „футуристички белгиски манастир“.
Едно нешто што ни е заедничко со Канје е тоа што претпочитаме неутрална палета. Ја сакам едноставноста во дизајнот. Сè во надворешниот свет е хаотично. Сакам да се враќам во место во кое веднаш се чувствува спокојство“, вели Ким.
Фото: Jackie Nickerson