Нов шок: Анџелина Џоли во пијана состојба ја вознемирувала Џенифер Анистон

Ѝ се јавила на телефон

Американските медиуми пренесуваат дека Анџелина Џоли во пијана состојба ја побарала Џенифер Анистон на телефон и ѝ рекла дека Бред Пит ја изневерува. Сепак, „искусната“ Анистон не ѝ поверувала на овие зборови.

Бред уште отсега те изневерува, тој никогаш нема да се смени“, наводно гласела пораката што Анџелина ѝ ја оставила на телефонската секретарка на својата лута ривалка, пренел анонимен извор.

Истиот извор истакнал и дека Џенифер воопшто не поверувала во овие зборови на Џоли.

Во моментов, Џенифер размислува само за тоа колку е жално што децата на Анџелина мораат да ја гледаат својата мајка во вакво издание“, заклучил изворот.

Инаку, по средбата на бившите сопружници на доделувањето на филмските награди САГ, светските медиуми шпекулираат дека Бред и Џенифер веќе извесен период се во љубовен однос, но врската ја кријат од јавноста.

 

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.